Македонија Кисела Вода

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на затворен базен во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“

-По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, соопшти владината прес-служба.

СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Мицкоски ќе присуствува на пуштање во употреба на затворен базен во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присустува на свечено отворање на базен од затворен тип во состав на ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во општина Кисела Вода.

Како што се наведува во владиното соопштение, базенот е еден од петте кои беа почнати од  поранешната Агенција за млади и спорт, во 2020 година, и беа оставени недовршени со реализација од околу 20 отсто. Другите четири се во општините Ѓорче Петров, Кичево, Битола и Штип.

-По откочувањето на процесот за изградба од страна на Министерството за спорт, базенот во општина Кисела Вода е завршен во рок од шест месеци, а изградбата на останатите четири базени е во завршна фаза и тие треба да бидат пуштени во употреба до крајот на летото, соопшти владината прес-служба.

Реализацијата на базенот во Кисела Вода изнесува 46.551.713 денари.

Изјавата можете да ја следите во живо на линкот во продолжение

To top