Еден од загинатите во трагедијата во Кочани е 30-годишниот Тоше Богданов. Кобната вечер тој излегол со своите пријатели заеднички да го прослават раѓањето на неговиот син. Син кој не го ни запозна бидејќи огромната трагедија го зеде и него како жртва.
Богданов бил од Облешево, работел како автомеханичар.
-Тоше доби син и излезе да го прослави раѓањето на своето дете со пријателите. Сакаше да ги почести пријателите и отиде во диско, а сега го нема, изјавил негов познаник.
Деспина Богданов (24) која го загуби својот сопруг Тоше (30), се огласи со емотивна објава:
„Кога се изборивме со се кога го добивме тоа што го сакаме.
Нашата љубов доби плод кој ќе не веселеше цел живот на кој ке се смеевме и радувавме,што се случи зошто овој живот е толку суров и без милосен зошто ги зема луѓето кој треба да живејат на кој животот е пред нив.
Јас ќе бидам храбра мама и ќе се борам да нашето мало ангелче израсне во човек како што беше ти добар храбар и јак човек. Кога ќе порасне и ме праша мамо каде е мојот татко јас ке му речам да поглетне во небото и да ја гледа најсјајната ѕвезда што свети а тоа ке бидеш ти.
А јас ќе бидам таа што секогаш ке те сакам,и никогаш нема да те заборавам.
Вечна ти слава беше незаменлив човек“, напиша таа.