Македонија Континуирана институционална комуникација и координација

Скопје ќе продолжи да се развива како современ европски град: Ѓорѓиевски на средба со францускиот амбасадор

Разговорот се фокусираше и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје.

Скопје ќе продолжи да се развива како современ европски град: Ѓорѓиевски на средба со францускиот амбасадор

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска оствари работна средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Кристоф Ле Риголер. На средбата беше претставена визијата за долгорочен развој на главниот град, заснована на одржливи политики, европски стандарди и продлабочена меѓународна соработка.

Разговорот се фокусираше и на натамошно унапредување на партнерството со збратимениот град Дижон, како и отворање нови можности за заеднички проекти и иницијативи од интерес за граѓаните на Скопје.

-Во текот на разговорот, му ја претставив визијата за развој на Скопје која е заснована на јасна стратегија, долгорочни политики и силни принципи на одржливост.
Исто така, разговаравме за продлабочување на соработката со збратимениот град Дижон. Скопје се стреми кон целосна интеграција на европските стандарди во економскиот раст, културниот развој и во зелените политики. Амбасадорот Ле Риголер ја изрази подготвеноста на Франција да споделува искуства и иницијативи кои можат значајно да придонесат за подобрување на инфраструктурата и квалитетот на живот во нашиот главен град, истакна Ѓорѓиевски.

Била нагласена и важноста од континуирана институционална комуникација и координација, со цел отворање на нови можности за партнерства и долгорочни проекти.

-Убеден сум дека оваа соработка ќе придонесе Скопје да продолжи да се развива како современ, европски град, кој нуди иновативни решенија и останува широко отворен кон светот, рече градоначалникот.

Најнови вести од Македонија

To top