Македонија ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ

Скандалот „Чебрен“ низ документи: Kaко Владата им подари на Грците хидроцентрала и профит од 100 милиони евра

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервјуто за „Република“ отвори нов скандал на власта за изградба на хидроцентралата „Чебрен“. Според него, одлуките биле менувани неколку пати и тоа сега е причина грчкиот инвеститор да се жали за начинот на спроведување на набавката.

Скандалот „Чебрен“ низ документи: Kaко Владата им подари на Грците хидроцентрала и профит од 100 милиони евра

Дека тоа е така, и оти одлуката да се даде ХЕЦ „Тиквеш“ три месеци по изградата на хидроцентралата „Чебрен“ или неколку месеци по отпочнувањето на работите, што е разлика од 100 милиони евра струја што ќе ја произведе Тиквеш“ за тие шест години e менувана неколку пати, „Република“ објавува документи.

 

Во документ од Службен весник, од 17 јануари, 2020 година, е објавена одлуката за почнување на постапка за доделување концесија за изградба на проектот Чебрен.

Тука е дефинирана процедурата и условите, кои што ги донела Владата, кога премиер бил Зоран Заев, на седница одржана на 24 декември 2019 година.

Во членот 5 од оваа одлука за почнување постапка, се дефинирани обврските кои што ги презема државата и вели: Државата на компанијата што ќе ја добие оваа набавка ќе и ја отстапи хидроцентралата „Тиквеш“ која фунционира на Црна Река, три месеци по датумот на старт на изградбата на хидроцентралата „Чебрен“.

Односно, само што ќе се почне со изградба, после само три месеци „ХЕЦ Тиквеш“ ја добивате на дланка.

Потоа треба да изгради 400 киловолтна трафостаница „Мариово“ каде што ќе се поврзе хидроцентралата, треба да се направи експропријација на земјиштето, треба да се изгради пристапни патишта до локацијата и треба да се обезбеди ноќни вишоци на струја, со која помалата хидроцентрала „Орлов камен“ навечер ќе ја враќа водата во „Чебрен“ и ќе може истата вода неколку пати, да се користи преку ден за производство на електрична енергија.

Оваа одлука на владата, на Заев се менува од страна на техничката влада на Спасовски и се брише членот 5, став 3, во кој што се опфатени обврските.

Со новата одлука, за изменување на одлуката, која што ја носи владата на Зоран Заев, се вели дека членот 5, ставот 3, кој што ги опфаќа се брише, тој член став 3 и повеќе не постои и тоа се објавува во Службен весник број 33, којшто е објавен на 10-ти февруари 2020 година.

Целиот текст прочитајте го ТУКА.

To top