Македонија нема да лежи ни две години за проневера на пари од еразмо?

СКАНДАЛ ВО СУДСТВОТО: Апелација ја укина пресудата за ЛИДИЈА ДИМОВА од СДСМ, која проневери 350.000 евра ЕУ пари

Основниот кривичен суд ја осуди Димова, блиска соработничка на Заев, на минимални две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

СКАНДАЛ ВО СУДСТВОТО: Апелација ја укина пресудата за ЛИДИЈА ДИМОВА од СДСМ, која проневери 350.000 евра ЕУ пари

Апелациониот суд Скопје ја укина првостепената пресуда против Лидија Димова и предметот го врати на повторно судење пред Основниот кривичен суд Скопје.

Како што информираат од судот, по одржаната јавна седница на 11 март годинава, уважени се жалбите и на одбраната и на обвинителството, по што пресудата е укината поради суштествени повреди на кривичната постапка. Предметот со сите списи е вратен на првостепениот суд на 30 март 2026 година, каде ќе треба повторно да се разгледа.

Според Апелација, во пресудата не било јасно утврдено за кои конкретни дејствија обвинетата е прогласена виновна, а за кои е ослободена, што претставува сериозен пропуст во постапката.

Основниот кривичен суд ја осуди Димова, блиска соработничка на Заев и шоферка на кобето со бои во Шарената дееволуција,  на минимални две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување, како и обврска да надомести штета од 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

Најнови вести од Македонија

To top