Македонија првпат во 5 години министер влезе во домот

СКАНДАЛ: Само 8 негувателки на 150 сместени во Домот за стари лица во Куманово, открива министерот Велковски

-Старите лица го граделе ова општество во кое ние живееме и дека политичарите треба да ги тргнат рацете од институциите во кои се згрижуваат ранливи категории, дециден беше министерот.

СКАНДАЛ: Само 8 негувателки на 150 сместени во Домот за стари лица во Куманово, открива министерот Велковски

Само 8 негувателки водат грижа за вкупно 150 сместени лица во Домот за стари лица „Зафир Сајто“ во Куманово. Поради партиски препукувања на власта, тие биле оставени на милост и немилост, со недоволен кадар кој би се грижел за нив, бидејќи тие тоа го заслужуваат. Денеска првпат во изминативе 5 години министер влегува во Домот да ги посети.

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денес беше во посета на Старскиот дом, каде се сретна со старите лица сместени во оваа институција и разговараше со нив. Лично се заложи дека на врвот на неговата агенда биле и ќе останат старите лица и дека социјалната политика во иднина ќе биде насочена кон достоинствено и активно стареење.

-Евидентна е долгогодишната негрижа за возрасните лица. Тие не смеат да бидат заборавени од страна на државата. Мора вложувања во институционалните капацитети, вонинституционалните форми на заштита, алтернативни форми на згрижување на оваа категорија на население.

Според директорот Дејан Стојановски, во изминатиот период, Старскиот дом бил мета на партиски препукувања од страна на актуелната власт.

-Не оставија со 8 негуватели на 150 сместени лица, бројка што не го задоволува пропишаниот норматив според пропишаните стандарди. Многу преписки со министерството, но залудно. Ова е првпат во овие 5 години министер да влезе во домот, изјави директорот Стојановски.

За Велковски ова е скандалозно и недопусливо е политиката да влијае на назадување на условите во старските домови.

-Старите лица го граделе ова општество во кое ние живееме и дека политичарите треба да ги тргнат рацете од институциите во кои се згрижуваат ранливи категории, дециден беше министерот.

Во моментот повозрасните опфаќаат над 12 % од населението, а според проценките на ОН овој процент ќе достигне до 18,8% до 2030 година.

To top