Македонија реакција на компанијата

Сити Аутсорсинг ja демантира СДСМ: Категорично ги отфрламе сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија

Сити Аутсорсинг како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените, изразува длабока загриженост и разочараност од обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата.

Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со „Сити Аутсорсинг“.

Компанијата од своето основање до денес бележи континуиран и стабилен раст, резултат на професионално, одговорно и законито работење. Дополнително, дел од овој раст произлегува од затворањето на две други компании на пазарот, што создаде можност за преземање дел од нивните претходни обврски и клиенти.

Сити Аутсорсинг останува посветена на транспарентност, чесна деловна пракса и поддршка на своите вработени, клиенти и деловни партнери.

Најнови вести од Македонија

To top