Македонија На Инстаграм исто така е популарен и има над 300.000 луѓе кои го следат

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ПЛАСТИЧАРСКА – познатиот пејач се свршил пред еден месец, неговиот брат со срцепарателна порака: „на Алах сме и на него ќе се вратиме“ (ФОТО)

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб. На Инстаграм исто така е популарен и има над 300.000 луѓе кои го следат.

СИТЕ ДЕТАЛИ ЗА ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ПЛАСТИЧАРСКА – познатиот пејач се свршил пред еден месец, неговиот брат со срцепарателна порака: „на Алах сме и на него ќе се вратиме“ (ФОТО)

Една жртва и двајца повредени – ова е билансот од пукањето кое синоќа околу полноќ се случило на „Пластичарска“ во Скопје. Министерството за внатрешни работи соопшти дека убиениот е 29-годишен скопјанец кој им подлегнал на повредите откако бил однесен на клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Инцидентот започнал со расправии, па прераснал во физичка пресметка со употреба на огнено оружје.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amar Ismani (@amar_ismani1)

Се огласија од МВР

„На 26.05.2024 околу 23.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Никола Карев“ во Скопје имало пукање. Во 23.45 часот, од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје бил донесен Т.А.(24) од Скопје. Во 23.51 часот, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди од огнено оружје биле донесени О.Б.(19) и А.И.(29), двајцата од Скопје, каде што по укажаната помош, во 00.45 часот на 27.05.2024, А.И. починал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот“, се вели во извештајот на МВР.

Животот го загуби познат пејач

Пејачот Амар Исмани е загинатиот 29-годишник во пукањето кое синоќа пред полноќ се случи на Пластичарска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Amar Ismani (@amar_ismani1)

Амар Исмани беше пејач со многу популарни видеа, поставени на видео-платформата јутуб. На Инстаграм исто така е популарен и има над 300.000 луѓе кои го следат.

Траги од крв

На местото каде се случило пукањето, има траги од крв, искршено возило марка „алфа“, како и лични работи на сега повредените и починатиот.

Обвинителството соопшти дека се издадени наредби за собирање на докази.

Се свршил пред еден месец

Непосредно пред да биде убиен, тој на „Инстаграм“ објави фотографија со својата партнерка од свршувачката.

Исто така на 25 април објави неколку слики на кои покажа дека ја запросил својата девојка.

„Сѐ што ми треба во овој живот сме јас и мојата девојка“, напиша тој.

Погребот ќе се одржи денеска

Пејачот Амар Исмани е убиениот 29-годишник во пукањето кое синоќа се случи на Пластичарска, потврдија преку социјалните мрежи од неговото семејство.

„На Алах сме и на него ќе се вратиме. Со скршено и тажно срце ве известувам дека почина нашиот син/брат Амар Исмани. Церемонијата за погреб ќе се одржи денес со Икинди намаз во џамијата во Чаир, а потоа на гробиштата Бутел“, напиша Един Исмани на Фејсбук, брат на убиениот пејач.

Најнови вести од Македонија

To top