Македонија Покрај леб, не погача туку кавијар

Синдикатот за култура како “кроткото“ јагне кое од две мајки цица: Опструкции и кривична наместо разумен договор

Претставувајќи се како обесправени, пред очите на јавноста овие вработени избегнуваат да користат факти. Бидејќи нивните плати воопшто не се за потценување. Колку и да имаме почит за вработените во секторот култура, не можеме да охрабриме тие да се ставаат себеси над други многу важни професии, како вработените во медицината, образованието и слично. Законот мора да важи за сите подеднакво.

Синдикатот за култура како “кроткото“ јагне кое од две мајки цица: Опструкции и кривична наместо разумен договор

Под превезот на барања за повисоки плати, води ли некој политички пресметки? Се избегнува ли подадената рака за конструктивен договор со цел да се остави простор за правење опструкции?

Овие прашања несомнено се наметнуваат ако ги анализираме однесувањето и постапките на претставниците на Синдикатот за култура во Македонија. Договорите за зголемување на платите сите ги поддржуваме, но кога покрај леб, не се бара погача туку кавијар, се пали црвеното светло. Исто така, културата е сектор кој заслужува да биде ставен на пиедестал, но колку повисоко го качиме толку подобро јавноста ќе види – кој колку заработува, а кој колку сработува. И секако, за кого сработува.

Денес Синдикатот за култура поднесе кривична пријава против ресорниот министер Зоран Љутков и директори на инстутуции од културата. Со други зборови, синдикатот удри по свои колеги.

И за јавноста да не биде изманипулирана, мораме да зборуваме со факти, да презентираме бројки, затоа што не зборуваме воопшто за минимална плата и нејзино процентуално покачување согласно закон, туку за веќе покачени плати кои се над просекот. Зборуваме за покачување кое го добиваат и по едниот и по другиот договор. И не сакаат да отстапат од тоа.

Сте слушнале дека „кротко јагне од две мајки цица“? А замислете како цица јагнето ако е лакомо? Таква е моменталната состојба во културта. Синдикалците кои посегнаа по кривичните пријави сакаат само за нив во државата да важат некои правила и закони, а особено дупките во тие закони. Тие сакаат процентуално покачување да земаат и според Колективниот договор во јавниот сектор и според Гранковиот колективен договор во кој е уредена пресметка на плата. И иако двата договори на хартија се веќе со истечена важност, тие не седнуваат на маса да направат разумен компромис.

Во 2023-та година, општиот колективен договор предвидел покачување на платите во целиот јавен сектор (не само во културата) за 10 %, но овој синдикат го одбива анексот кој предвидува такво покачување. Тие сакаат да бидат и над законот, но и над работниците во сите останати професии во државата.

Неколку пати повторија дека кривичната пријава и тужбите се состојба која сакале да ја избегнат. На новинарско прашање дали состојбата ќе се избегнеше ако во таа 2023-та го прифатеа анексот кој предвидува 10 % зголемување, тие демантираат дека таков договор воопшто им бил понуден.

-Во 2023-та воопшто не ни беше понуден анекс-договор за 10% зголемување на платите.Во 2023-та ни беше понудено вредноста која ја пресметуваме да се множи со коефицинетот на сложеност на работно место, односно минималната плата да се зголеми за 10 % и како номинална вредност да се впише во колективниот договор. Нешто што до тогаш воопшто не постоеше во колективниот договор. Ние не дозволивме номинален износ на пресметка на минимална плата, рече денес Вера Атанасовска, претседателка на СКРМ.

Членови на овој Синдикат досега имаат поднесено 800 тужби од кои велат дека 8 се завршени со правосилни пресуди во нивна корист.
-Веќе има повеќе од 800 тужби од вработените во културата против институциите и државата – нешто што никогаш немаше да се случи доколку законите се почитуваа.

Сведоци сме на над 50 судски пресуди од кои 8 се правосилни, рекоа од синдикатот денес.
Попрецизно, со бројки, минатата 2025-та година минималната плата во целиот јавен сектор изнесуваше 36.037 денари, а овој дел од вработените во културата, под капата на Синдикатот, сакаа да имаат ексклузивно право и за нив да важи повисока минимална плата, па бараа пресметката за нив да се прави на износ од 39.641 денар.

Претставувајќи се како обесправени, пред очите на јавноста овие вработени избегнуваат да користат факти. Бидејќи нивните плати воопшто не се за потценување. Колку и да имаме почит за вработените во секторот култура, не можеме да охрабриме тие да се ставаат себеси над други многу важни професии, како вработените во медицината, образованието и слично. Законот мора да важи за сите подеднакво.

Затоа овие луѓе, кога критикуваат не спомнуваат бројки. Користат селективни информации со цел да ја изманипулираат македонската јавност. Кога би кажале на колкави плати бараат дополнително покачување, наместо емпатијата која сакаат да ја разбудат кај народот, ќе се соочат со сосема други емоции кај истиот тој народ.

 

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top