Во рамките на Активностите на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова за понеделник 6.5.2024 година, таа се обрати на трибината на тема „Жени“ која се одржа во Јавна соба.
-Во мојата програма има посебен дел посветен на жените. Подолго светот живеел како патријархат отколку матријархат. Повеќе жени во политика, повеќе гаранции за помалку насилство. Срамота е 30 години да не сме имале жена претседателка, жена премиер. Да им ставиме крај на Венецијанските трговци. Жените имаат што да покажат, имаме вулканска сила! Работата е мажите да се инспирираат од нас жените. Времето на жените доаѓа. Сега е време за машка еманципација. Македонија е во женски род, политиката е во женски род. Женскоста е квалитет неискористен. Промените наскоро доаѓаат, посочи Силјановска Давкова.