Македонија Њујорк

Сиљановска-Давкова со обраќање по повод 30 години од Четвртата светска конференција на жените ја започнува работната посета на САД

Претседателката Сиљановска – Давкова ќе присуствува и на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед.

Сиљановска-Давкова со обраќање по повод 30 години од Четвртата светска конференција на жените ја започнува работната посета на САД

Со обраќање на состанокот на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција на жените, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Њујорк ќе ја започне работната посета на Соединетите Американски Држави.

Како што јави известувачот на МИА, темата на состанокот е „Повторна посветеност, обезбедување ресурси и забрзување на имплементацијата на Пекиншката декларација и Платформата за акција за постигнување родова еднаквост и зајакнување на сите жени и девојчиња“.

На пленарната сесија, која ќе трае во текот на целиот ден, ќе има излагања од претставниците на сите држави членки на ОН и сите членови на специјализираните агенции и меѓувладини организации и ентитети со статус на набљудувачи во Генералното собрание.

Претседателката Сиљановска – Давкова ќе присуствува и на ручекот „Women Rise for All“ приреден од заменик генералната секретарка на ОН, Амина Мохамед.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

Се очекува овој настан да ја истакне трансформативната лидерска улога на жените кои ги унапредуваат Целите за одржлив развој (ЦОР) и да ги поврзе влијателните жени лидерки од целиот свет. Настанот обезбедува платформа за размена на идеи, стратегии и зајакнување на мрежите со цел поттикнување на одржливиот развој.

Според агендата, Сиљановска- Давкова денеска ќе присуствува и на приемот во чест на шефовите на делегации од Југоисточна Европа, организиран од Американско – балканската стопанска комора, како и на вечерата на високо ниво во рамки на Годишното заседание на Платформата на жени лидери при ГС на ОН.

Претседателката Сиљановска-Давкова, во рамки на неколкудневната посета на САД, ќе се обрати на генералната дебата и ќе учествува на повеќе самити, лидерски форуми и состаноци на високо ниво што се одржуваат по повод 80. Генерално собрание на ОН.

Претседателката ќе оствари средба со генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш, а предвидени се и други билатерални средби со светски лидери.

Темата на годинашната сесија е „Подобро заедно: 80 години и повеќе за мир, развој и човекови права“.

За време на работната посета на САД, претседателката Сиљановска – Давкова ќе престојува и во Детроит.  (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top