Македонија Крушево

Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

Сиљановска-Давкова положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, положи свежо цвеќе на гробот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев и на споменикот на хероите на месноста „Слива“ и присуствуваше на панихидата во храмот „Св. Никола“.

Денеска, оддадов почит на македонскиот револуционер Никола Карев, претседател на Крушевската Република, кој заедно со…

Posted by Gordana Siljanovska Davkova on Saturday, August 2, 2025

Делегации од Кабинетот на претседателката денеска положија свежо цвеќе пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, пред споменикот на Никола Карев во Скопје, како и пред спомениците на АСНОМ и на првиот претседател на Президиумот, Методија Андонов – Ченто.

Делегација од Кабинетот присуствуваше и на одбележувањето на Илинден во Смилево.

Вчеравечер, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на церемонијата на отворање на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, којашто се одржа на месноста Гумење. На настанот беше прочитан Крушевскиот манифест и беа импровизирани традиционалниот напад на градот и пукањето од црешовото топче.

Најнови вести од Македонија

To top