Македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова се огласи по неуспешниот атентат врз Доналд Трамп.
„Длабоко сум загрижена поради нападот врз поранешниот претседател Доналд Трамп. Најостро го осудувам инцидентот во кој беше пукано врз господинот Трамп. За политичкото насилство нема место во демократските држави. На господинот Трамп му посакувам брзо закрепнување“, истакна таа.
Претседателката изрази сочувство и за починатото лице.
„Нашите мисли се со семејството на починатиот, со повредените лица и со американскиот народ“, истакна таа.