Македонија која оценка би ја добил Пендаровски?

Силјановска Давкова: Пендаровски повеќе беше послушен отколку одважен, не го искористи инструментот за помилување

Јас не сакам така да ги оценувам луѓето, но мислам дека пропушти да биде самостојна глава иако церемонијална е таа глава на извршната власт, да, пропушти да биде претседател на сите граѓани да се однесува непартиски, натпартиски значи на сите граѓани.

Силјановска Давкова: Пендаровски повеќе беше послушен отколку одважен, не го искористи инструментот за помилување

Во емисијата Клик Плус на Телевизија 21 вечерва гостин е кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова. На новинарското прашање што мисли за досегашниот петгодишен мандат на Пендаровски, професорски ако оценува студент, која оценка би ја добил Пендаровски, Силјановска вели „тешко може во политиката, бројките не значат тоа што значат во математиката“.

– Тешко може во политиката, бројките не значат тоа што значат во математиката. Јас не сакам така да ги оценувам луѓето, но мислам дека пропушти да биде самостојна глава иако церемонијална е таа глава на извршната власт, да, пропушти да биде претседател на сите граѓани да се однесува непартиски, натпартиски значи на сите граѓани. Пропушти да гради консензус, да модерира понекогаш помеѓу власта и опозицијата особено можеше да го искористи и да ги искористи обраќањата пред Собранието, пропушти да придонесе за независното судство заради непознатите и не многу добри кандидати во судскиот совет, тоа е истото го мислам и за односите со уставниот суд не коментирам советот за безбедност но тој треба да има проактивна и превентивна улога особено денеска е загрижувачка заканата заради климатските промени по заштитата за животната средина. Понатаму не можам кај можеби можеше исто така да го искористи инструментот помилување во некои ситуации, мислам дека беше повеќе послушен одошто одважен и она што е најважно во меѓународните односи крајно време е ние да покажеме достоинство не на невоспитан начин туку советувани од експертските тимови да укажеме на најважното за ЕУ на темелните вредности и принципи на ЕУ и кога добиваме предлози да им укажеме дека тие се во спротивно со договорот за ЕУ, Лисабонскиот договор, повелбата за фундаментални права, одговори Силјановска Давкова на прашањето.

To top