Македонија

Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14

Сиљановска – Давкова на аудиенција кај папата Лав 14

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, во рамки на посетата на Рим и Ватикан по повод чествувањето на Денот на сесловенските просветители, ќе има аудиенција кај папата Лав 14, јави известувачот на МИА.

По аудиенцијата, претседателката Сиљановска – Давкова ќе има средба со државниот секретар на Светата столица, кардиналот Пјетро Паролин.

На средбата ќе присуствува и секретарот за односи со држави и меѓународни организации на Светата столица, надбискуп Пол Ричард Галагер.

Според програмата, за попладне предвидена е средба и со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела, со што завршува неколку дневната посета на претседателката Сиљановска – Давкова на Рим и Ватикан.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

За време на престојот, таа присуствуваше на молебен на гробот на Свети Кирил по повод чествувањето на 24 Мај, ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и го посети гробот на папата Франциск.

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, заедно со македонската државно-црковна делегација, присуствуваше на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.

Најнови вести од Македонија

To top