Македонија

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Сиљановска Давкова изрази сочувство до семејствата на загинатите во несреќата во Нови Сад

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вечерва изрази сочувство до семејствата чии членови загинаа во денешната несреќа во Нови Сад.

– Нашите мисли се со сите погодени од трагичната несреќа што се случи денеска на железничката станица во Нови Сад. Изразуваме длабоко сочувство до семејствата кои ги загубија своите најблиски, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување, напиша Сиљановска Давкова на Фејсбук.

На железничката станица во Нови Сад денеска во 11:50 часот се урна бетонската настрешница на зградата на станицата. Под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани.

Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека во текот на истрагата по уривањето на дел од зградата на Железничката станица во Нови Сад, од урнатините досега се извлечени 14 тела.

Во Србија утре е прогласен Ден на жалост.

To top