Македонија митинг неготино

Силјановска Давкова: Хегел греши, Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер

„Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт“, изјави Силјановска Давкова во Неготино.

Силјановска Давкова: Хегел греши, Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер

Во рамките на кампањата за претседател на Република Македонија, кандидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, се спротивстави на мислата на филозофот Хегел кој смета дека секој народ ја заслужува својата власт.

ВМРО-ДПМНЕ

Според Силјановска, Хегел не е во право затоа што Македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.

„Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска! Мислам дека вие не ја заслужувате оваа власт, тоа треба да се смени и по овие претседателски избори ветувам дека ќе го сторам она што го очекувате од мене. Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг. Во Македонија сега постојат две држави во една, две Собранија, два премиери и за тоа вината е и кај шефот на државата. Негова улога е да обединува и да помирува, да гради единство меѓу власта и опозоцијата, меѓу мажите и жените, меѓу лицата со попреченост и другите“, изјави таа.

Според Силјановска Давкова, сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници и затоа сме држава што не ужива углед во светот.

ВМРО-ДПМНЕ

„Се плашам кога сегашните државни претставници се среќаваат со странци и се прашувам што ли ќе кажат, дали ќе стојат на ставот. Одат со еден став, се враќаат со друг став, а потоа воопшто немаат никаков став и затоа не заслужуваат почит. Граѓанките и граѓаните на Неготино не заслужуваат ваква власт“, изјави Силјановска Давкова во Неготино.

Според кандидатката за претседател сликата за државата е сликата на претседателот, премиерот, спикерот, амбасадорите, претседателката на врховниот или уставниот суд.

„Претседателот има директна одговорност за лошата слика за земјата во светот затоа што тој ги потпишува указите за амбасадорите. Претседателот има одговорност за правосудството затоа што таму предлага членови на Судскиот совет. За уставниот суд каде исто така предлага членови исто така има вина затоа што нашиот највисок суд не е познат како бранител на човекови права и слободи“, порача кандидатката Гордана Силјановска Давкова од Неготино.

To top