Македонија спомен обележје за загинатите

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“

Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.

Штип вечерва ќе им оддаде почит на загинатите во кочански „Пулс“

Штип вечерва ќе им оддаде почит на Филип Ивановски, Дамјан Таневски, Александар Ефремов, Филип Стевановски и на Александар Коларов, кои пред една година починаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Во 18.30 часот ќе се постави камен-темелник за изградба на спомен-обележје кај малата фонтана во близина на градскиот плоштад Слобода.

Во рамките на спомен-обележјето ќе има пет гулаби и еден ангел, а ќе бидат изгравирани и имињата на загинатите штипјани. Од Општината велат дека Штип стои заедно со Кочани во овие тешки моменти, обединети во болката, но и во надежта.

Вечерва, на плоштадот Слобода, од 19.10 часот, ќе се палат свеќи во чест на починатите, а настанот ќе заврши во 19.30 часот со симболично ѕвездено небо – момент кога присутните ќе ги вклучат светилките од своите мобилни телефони. (MIA)

Најнови вести од Македонија

To top