Македонија НАТКАСТ НА КУРИР

Шамбевски: Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси

Тој посочи дека редефинирањето на меѓународниот правен поредок мора да ги земе предвид загриженостите на помалите држави.

Шамбевски: Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси

Поранешниот амбасадор и пратеник, Оливер Шамбевски, во „Наткаст“ на КУРИР изрази очекување дека 2026-та ќе биде турбулентна година која ќе води кон редефинирање на меѓународните односи, вентрите на моќ, алијансите.

-Меѓутоа сериозно не очекувам во однос на Македонија дека ние би се изместиле од она што ни е стратешка определба, од она што ни е желба на државата, на општеството каде да припаѓаме. Мислам дека за нас би била интересна оваа година, мораме да ги искористиме сите можности кои ќе ни бидат на располагање. Засега ова што го гледам, Владата многу добро го прави. Останува да следиме до крај, рече Шамбевски во поткастот со Љупчо Цветановски.

Тој посочи дека редефинирањето на меѓународниот правен поредок мора да ги земе предвид загриженостите на помалите држави.

-Помалите држави не секогаш имаат поинаков штит од меѓународното право во заштита на сопствените интереси. Не сме наивни, во текот на историјата можнитедржави го прават тоа што можат, а малите тоа што мораат, меѓутоа барем имаше некоја гаранција дека имаш како, во крајна линија, долгорочно барем, да си ги заштитиш своите интереси и позиции. Тоа не смее да исчезне од меѓународното прави, посочи Шамбевски во „Наткаст“.

Тој оценува дека Македонија принципиелно се позиционира во меѓународните односи, штитејќи ги своите интереси.

To top