Македонија

Северна Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје

Северна Македонија трета во Европа според стапката на смртни случаи од огнено оружје

Со 12,25 случаи на милион жители, Северна Македонија е трета во Европа според стапката на смртност од огнено оружје, покажува анализата на статистичкиот портал „Ландгеист“, базирана на податоци на меѓународниот Институтот за мерење и и проценка на здравјето со седиште на Универзитетот во Сиетл.

Повисока стапка на смртност од огнено оружје има во Турција (18,16) и во Албанија (15,20). Од земјите во соседството, оваа стапка во Србија е 10,44, во Бугарија 7,69, а во Грција 4,35.

Најниски стапки има во Велика Британија (0,66), Исланд (0,87) и Норвешка (0,92). Овие три земји се и единствените во Европа каде што полицијата не носи оружје.

Генерално, стапката на смртност од оружје во Европа е исклучително ниска. Малку смртни случаи предизвикани од огнено оружје има и во сите земји во Африка, Азија и Океанија (во кои нема оружени конфликти).

За разлика од нив, повисоки стапки се бележат во Северна и Јужна Америка, каде што освен во Канада и Куба, во сите други земји стапката на смртност од оружје е повисока од онаа во Турција.

За споредба, стапката на смртност од оружје во САД е 41,69.

„Ландгеист“ посочува дека стапката на смртност се однесува на периодот пред војната во Украина, и во неа не се вклучени самоубиствата со огнено оружје.

Најнови вести од Македонија

To top