Последниот срамен чин на кодошење од страна на СДСМ продолжува да ја крева нивната сервилност на нови височини.
Овој пат, Венко Филипче, претседателот на СДСМ, успеа да се понижи пред претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, каде што, по се изгледа, повеќе ја застапуваше туѓата отколку својата држава.
На средбата, како што јавуваат од СДСМ, главната тема била “заедничкиот европски пат” на Северна Македонија и Албанија, како и “забрзувањето на евроинтеграцискиот процес”.
Но, зад овој дипломатски речник, СДСМ повторно се обидува да го префрли вниманието од своите грешки и неспособност.
Филипче, како вистински предводник на партија која го уназади евроинтеграцискиот процес на државата, имал храброст да ја критикува актуелната власт за недостаток на конкретни чекори во однос на приближување кон Европската Унија.
Иронично, токму Филипче и СДСМ ги оставија земјата и граѓаните во сериозна дипломатска изолација и ги уназадија сите шанси за брза интеграција.