Македонија јаневска

Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Сериозни индиции за криминал во ученичките и студентските домови

Катастрофална е состојбата која ја затекнавме во поголем дел од ученичките и студентските домови, а создадена во време на претходната Влада. Во некои од домовите има сериозни индиции за криминал и ќе поведеме соодветни постапки за да се побара одговорност од досегашните директори, рече министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието.

„Ќе го посочам студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје, каде нема топла вода и храна, а вработените не земале плата, затоа што создаден е долг од 34 милиони денари. Но, спречивме целосен колапс, интервентно издвоивме 5 милиони денари, за да можат да се исплатат барем платите и да се обезбеди здравствено осигурување“, рече Јаневска, додавајќи дека и државниот ревизор констатирал доста забелешки за работењето на претходната Влада во делот на ученичкиот и студентскиот стандард.

„Откриен е и случај во кој директор на дом купувал пилешко месо на големо по цена од 570 денари за килограм, иако малопродажната цена во маркетите била 270 денари и децата повторно реагирале дека не добивале доволна количина на храна“, информираше министерката.

Потенцираше и дека се срами од условите кои ги видела во ученичкиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, каде капацитетот од 300 легла е пополнет само со 100 студенти, затоа што најголем дел од собите се тотално руинирани, како и санитарните јазли.

„За 5 месеци направивме многу повеќе отколку претходната Влада за 7 години. Но, не може сé одеднаш. Продолжуваме да работиме во интерес на младите и за нив ќе обезбедуваме доволно средства“, рече Јаневска.

Најнови вести од Македонија

To top