Македонија министерство за одбрана

„СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ” – Мисајловски во посета на најелитната единица „Волци“

Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.

„СЕКОГАШ И СЕКАДЕ ПРВИ” – Мисајловски во посета на најелитната единица „Волци“

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска го посети Баталјонот на специјални сили – најелитната единица на Армијата каде беше брифиран за историјатот на единицата, мисиите и задачите кои ги остварува, учеството во мировните операциите како и операциите за заштита на источното крило на Алијансата мисијата eVA.

-Наши чувари на мирот, олицетворение на храброст и посветеност во службата, значајни за Армијата и за граѓаните на Македонија, објави Мисајловски на Фејсбук.

Тој им се заблагодари на припадниците за нивната служба и непоколеблива посветеност.

-Вие сте инспирација и херои на нашата нација, им порача министерот.

Мисајловски посетата ја оствари заедно со Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

При посетата, министерот Мисајловски имаше можност да се запознае со дел од опремата која ја користат припадниците на единицата и да ги посети објектите на баталјонот за Специјални сили.

Најнови вести од Македонија

To top