Македонија сдсм го допре дното, пак...

Сеир на Бихаќка со пожарите: СДСМ ликува што противпожарни возила наводно се расипале

Да ликуваш на расипано противпожарно возило (наводно, информацијата не е потврдена), едното демек имало дефект, а другото заглавило (а немаат поим на каков терен се пробивало) да ги вадиш работите од контекст со тотални шпекулации и информации од типот рекла-казала само за да го минимизираш напорот на некого во ниет да направи се’ што е во негова можност за гаснење пожари во Македонија, за возило кое е ставено во погон за да се помогне некому, на страна што во него имало храбри припадници на ЕБР кои го управуваат и ги ризикуваат своите животи за добро на граѓаните и на Македонија е „подрум на дното“, пониско од ниско и претставува до сега невидена провалија и амбис на едно политичко дејствување во историјата на државата.

Сеир на Бихаќка со пожарите: СДСМ ликува што противпожарни возила наводно се расипале

Опозициската СДС ги надмина сите граници со последното соопштение во кое буквално ликува што две од пренаменетите возила, наводно, се расипале и заглавиле. Во време кога државата се бори со огнените стихии кои ја навасаа републиката, а граѓаните се во страв за сопствениот живот и имот, СДС фаќа сеир и злорадо пушта соопштенија темелени на шпекулации, исмевајќи се со маката на пожарникарите.

„Наместо вистинска стратегија и опрема, власта понуди само парада на старо железо,“ пишаа од СДСМ, класична мизантропија во време кога владата со сите сили и средства се обидува да ги стави под контрола пожарите во државата.

Да ликуваш на расипано противпожарно возило (наводно, информацијата не е потврдена), едното демек имало дефект, а другото заглавило (а немаат поим на каков терен се пробивало) во време кога државата гори да ги вадиш работите од контекст со тотални шпекулации и информации од типот рекла-казала само за да го минимизираш напорот на некого во ниет да направи се’ што е во негова можност за гаснење пожари во Македонија, за возило кое е ставено во погон за да се помогне некому, на страна што во него имало храбри припадници на ЕБР кои го управуваат и ги ризикуваат своите животи за добро на граѓаните и на Македонија е „подрум на дното“, пониско од ниско и претставува до сега невидена провалија и амбис на едно политичко дејствување во историјата на државата. Народот на ова вели „Долевање масло на огнот“, школски пример за поговорката од кујната на СДС.

Со „извичник“ да ликуваш на наводен дефект на Херемелините и да фаќаш сеир што опрема потребна за гаснење пожар се расипала е нов феномен во Македонија и пошироко. Би било исто кога би се смееле на расипани чамци за спасување во поплава или квар на багери и градежни машини кои расчистуваат земјотрес.

СДСМ крајно лицемерно посочува дека Владата имала цела година да набави опрема, да вработи пожарникари и да го подготви системот, но наместо тоа, не набавила нови возила, не ги сервисирала постоечките и не обезбедила навремен кадар..

Истите тие СЕДУМ ГОДИНИ не го сторија она за што обвинуваат, што е врв на хипокризија.

За да резилот биде соодветен на сроченото од СДС: „Новите противпожарни возила „Хермелин“ на Мицкоски и Ангелов се расипаа уште пред да видат пламен!“ единствено недостига СМАЈЛИ на крајот на реченицата, за да сеирот биде целосен и да можат да си се изнасмејат со сите нишани…

 

Најнови вести од Македонија

To top