Македонија

„Се случија повеќе скандали отколку што поминаа денови во новата година, се поништи Чебрен, поскапе струјата, се делеа шамари во М-НАВ, Ахмети и Груби правеа журка во државна институција“

„Се случија повеќе скандали отколку што поминаа денови во новата година, се поништи Чебрен, поскапе струјата, се делеа шамари во М-НАВ, Ахмети и Груби правеа журка во државна институција“

Во новата година се случија повеќе скандали отколку што изминаа денови, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, 2024-тата почна со поскапа струја за граѓаните. Додека тие крадат, граѓаните сега ќе плаќаат поскапи сметки и за над 400 денари. Второ, се раскина договорот за изградба на Чебрен, и тоа бидејќи владата на СДС и ДУИ неколку пати ја менувале одлуката за изградба на хидроцентралата. За ова ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски предупредуваше неколку пати, но СДС обвинуваше дека наводно шириме невистини и лаги, за на крај да се испостави дека всушност сме ја говореле вистината. Трето, воздухот и понатаму е енормно загаден, граѓаните дишат отров, а владата на СДС и ДУИ наместо да преземе итни мерки, ги убедува граѓаните дека тоа е само магла. Четврто, додека на почетокот на годината Али Ахмети прави журки по државни институции и пее песни, негови луѓе им делат боксови и шамари на контролорите на летање во М-НАВ. Додека контролорите на своите работни места во моментот следат, контролираат и управуваат над 40-тина авиони, насилници, лица на ДУИ влегуваат во М-НАВ и тепаат вработени, притоа поминувајќи низ врати кои не би можеле да се отворат, доколку лицето нема дозвола или службена картичка, велат од партијата.

Од таму додаваат дека последиците од ова можеле да бидат со смрттни последици, бидејќи директно се носи во опасност целиот авиосообраќај.

„Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој е најповикан да го осуди скандалот, цел ден го нема. Петто, за само три дена од 2024-та година се распишани неколку огласи во министерства, агенции и центри за вработување на дури 135 јавни и државни службеници. Владата на СДС и ДУИ на само неколку денови до избор на нова техничка влада ги вдомува своите партиски војници. Шесто, додека владата на СДС се фали со покачена минимална плата, молчи за зголемемата плата на функционерите од власта. И додека граѓаните едвај преживуваат и се борат како да го поминат месецот, владините функционери на СДС и ДУИ ќе земаат уште едно покачување од 400 евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозицијата додаваат дека СДС и ДУИ се најголемото промашување на Македонија.

„СДС и ДУИ работат на штета на граѓаните. Со СДС и ДУИ на власт никогаш не било полошо и за граѓаните и за државата. Секој ден за СДС и ДУИ повеќе, е ден загуба за граѓаните. Важно е да ги поразиме!“, стои во нивното соопштение до јавноста,.

Најнови вести од Македонија

To top