Македонија најнови детали

СЕ ОГЛАСИ И ПОЛИЦИЈАТА – се запалил автомобил во Ист Гејт, еве ги деталите

По објавената информација дека Ист гејт Мол се евакуира во овие моменти, Курир доби одговор и од МВР што се случува таму.

СЕ ОГЛАСИ И ПОЛИЦИЈАТА – се запалил автомобил во Ист Гејт, еве ги деталите

Од МВР за Курир велат дека станува збор за пожар во автомобил „Рено Лагуна“.

Денеска бо 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило “рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето, велат од МВР за Курир.

Инаку претходно објавивме и дека на сите вработени им било наложено да го напуштат молот по споредниот излез, а испразнет бил молот и од купувачи.

Најнови вести од Македонија

To top