Кога експерт/мајстор ќе каже, кажано е, вели народот. Ова директно се однесува и на денешната рекација на СДСМ околу иницијативата за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, кој според зборовите на неговите колеги Хајрулахи и Цветановски лично се залагал против ВМРО-ДПМНЕ и поништувал случаи кои биле во нивна корист. А за непослушноста, ги разрешил двајцата обвинители кои не сакале да отстапат од правдата. Многу објективен, непристрасен и професионален чин, нели?
„Зад разрешувањето на јавниот обвинител Љупчо Коцевски се крие обид за инсталација на партиски послушник на власта“. Ова е денешниот коментар на опозицискиот СДСМ откако вчера Владата го задолжи Министерството за правда да достави предлог за разрешување на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој потоа ќе биде доставен до Советот на јавни обвинители од каде што е потребно да се добие мислење..
Симптоматично, Коцевски е поставен на функција во време кога беше прашање на денови кога СДСМ ќе падне од власт. Промените/инсталациите во судството и обвинителството беа јавно најавени како отстапница за тогаш владејачката партија за криминалите за кои ќе треба да одговара кога ќе замине во опозиција. Факт, кој се покажа дека е 100 насто реален и точен.
Според Александар Алексовски од правната комисија во СДСМ, се случува процес на партизација и политички упад во правосудниот систем на државата од страна на власта. Ова го зборува партијата која во еден единствен ден во 1996-та смени 400 нови, свои судии, партија позната по распупеното судство на Заев, по нарачките до Кацарска и Русковска, маратонски судења на патриоти, силни поддржувачи на Катица Јанева која ја носеа на маички. Со еден збор, ЕКСПЕРТИ за партизација…