Соочени со предизборните анкети во кои ја дознаа пораката од народот дека како Влада нема да добијат уште еден мандат, СДСМ падна во очај, па не бира средства во обидот да претстави пред членството дека тоа не е така.
Низа анкети, направени од различни институти и агенции говорат дека граѓаните имаат најголема доверба во ВМРО-ДПМНЕ, а дека се разочарани од СДСМ и дека за оваа владејачка партија нема да го дадат гласот на изборите. Така, СДСМ утрово одлучи да им порача на луѓето дека не треба да им веруваат на своите очи и уши, туку да го слушаат Ковачевски и политичарите блиски до него.
Од СДСМ испратија соопштение во кое најавија дека откриваат скандал за местени анкети, а всушност начинот на кој го направија тоа е единственото скандалозно во оваа приказна.
-Станува збор за реализација на цела шема, оперативен план подготвен од Републичкиот изборен штаб на ДПМНЕ на 05.12.2023 година за пласирање на лажни анкети за рејтинзите на партиите и за политичарите, а објавени на МТВ, но и за други активности како пласирање лажни вести. Документите со потписи потврдуваат дека оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ го содржи она што и реално се случува, се наведува во соопштението на СДСМ.
Но, во идејата да пласираат лажна вест по секоја цена, СДСМ заборавиле да погледнат на датумот, па така документот кој го пласираат како вистинит, иако е лажен, е создаден на ден кој уште не е дојден. Така, според оваа објава на СДСМ, анкетите кои се пласираат денес, ќе бидат испланирани да се направат кон крајот на оваа година, кога изборите веќе одамна ќе бидат завршени.
Од ВМРО-ДПМНЕ најостро и изрично ги демантираат информациите кои ги пласира СДСМ. Партијата најави и тужба за клевета.
-Потписите на документот се целосно измислени и не кореспондираат со реалните. Иако видовме дека за СДС е нормално да го погрешат презимето на нивниот лидер Ковачевски веројатно разумно и логично е ВМРО-ДПМНЕ да си ги препознава луѓето и потписите од својата партија, нешто што не е случај и во посочениот и измислен документ, што само кажува кој е изворот на веста. Сметаме дека изворот на ваквите информации се од кујната на СДС кои очајнички прибегнуваат кон дезинформации, фалсификуваат документи соочени со претстојниот пораз. На времето правеа бугарски летоци, сега измислуваат документи. За парите дадени на Асаф Исеин можеле да бидат барем малку покреативни во измислувањето, посочуваат од партијата.
ВМРО-ДПМНЕ порачува: „Поминува времето кога Ковачевски може шеретски да седи на влада и да одлучува кој што ќе прави“.
-Да потсетиме на седница на влада со која раководи Димитар Ковачевски е доделено државно земјиште за фотоволтаици на неговата сопруга по цена од едно евро за метар квадратен. Додека Ковачевски беше заменик министер за финансии и мандатар на состав на влада, неговиот кум Паунов преку фирмата Пиксел груп добивал државна помош. Бараме СДС да се извини за ваквите лаги, во спротивно ќе следи тужба за клевета, велат од партијата.