Агресивниот настап преполн со непроверени информации и шпекулации од форматот на кооперациски „рекла-казала“ муабети стана неизоставен дел од дејствувањето на некогаш „државотворната“ СДС, која сега стана „лажотворна“ партија.
Нов ден, нова тужба за лажни вести, клевети и непроверени информации стана „добро утро“ за „новата“ гарнитура на Филипче, нова како ланскиот снег и поврзана со еден предзнак кој ги обединува. Кој од кој „похејтер“ кој станува мразејќи се себеси, а легнува мразејќи го светот. Екипата составена од Ана Сите ве мразам, Фани Сорос, Јон Шмрчко, Жерновски Задња шанса, Филипче Кралот Зајдисонце, Фрчко на Шмрчко таткото и останатата банда.
Веќе добија тужба од Томовки и фирмата „Пирамид солушнс“ за изнесениот куп лаги, инаку фирма која испадна дека повеќе тенедери и работи извршила во малкуте СДС општини, така што прикаската им отиде во ветер и се покажа дека паламуделе и лажеле колку само и само да ги има во етерот и на сајтовите, но безидејната партија пак се фали со „придобивките“ и ефектот кој верувале или не, го постигнале со она дечиштата со мов под носевите од бизарниот/малолетен АКТ и безобразниот МИЦКО.мк тим, инфантилни имиња на во градинска смислени организации кои најниско што може и недоветно алудирааат на личности, создадени со мизерна цел за нивна девалвација. Бедотија на ниво на подрум на дното.
Арно ама, како што и старите кучиња не можат да научат нови трикови, така и безидејните и индолентни СДС одат со „повторувањето е мајка на знаењето“ и се фалат со „бомби“ кои не беа ни петарди од Битпазар и завршија со исмевање од граѓаните, посилно од она „пуф“ што го направија нивните цепки од „бомби“. Но, за СДС, кои децениски играат на меморијата на златна рипка од 3 секунди на народот, тоа не е важно, па ќе срочат:
„Дури 51 тендер во вредност од 16 милиони евра добила оваа фирма од општините на ВМРО.
Тендерската мрежа се шири преку семејни и партнерски фирми, кои добиваат милионски договори од институции под контрола на власта.
АКТ откри и дека сопругата на газдата на „Пирамид билдинг солушнс“, Оливера Доновска, има фирма со Филип Гулевски, кој со друга фирма добива тендер за проектирање и изведба на спортски сали во општините Крушево и Аеродром.“ стартуваше со пресот ген-секот кому никој не му го знае ни името (затоа не го ни пишуваме) за да потоа пушти нова дефокус-магла од мега-скандалот со болницата на Жан Митрев и бонбона бизнисите на Заев и насадениот му чувар на тронот Венко. За претходно кажаното, веќе добија јасни деманти и најави за тужба од спомнатите во изрежираниот, изместен и изманипулиран од Фрчковци и „Прагма“ наратив на СДС.
Толку се инвентивни, што зад безименко ген-секот се наоѓа Заевата глупандерска бомбашка ономатопеја „тик-так“, која ајванот ја користеше во 2016-та додека под странски „чадор“ ги „пукаше“ незаконски стекнатите лепени и сечени „бомби“, а најголема грешка на тогашната власт беше што не го спакува во марица за истото незаконско злодејание.
Денеска, гледаме дежа ви мизерни финти на српската боливудска пи-ар фирма, која многу-многу не се измачила за инфантилниот наратив, на Заев очигледно не му се одврзува ќесето, многу пари на пустиот му оделе за градбите во Дубаи. Така, најмиле некои дилетанти од Србија, ги запознал кога продавал ајвар во Горњи Милановац. Тогаш, кога ја запозна третата прва љубов.
Така, фатени со „смкнати гаќи“ и рачиња во медот, купопродажби на БОЛНИЦИ, златна виза за лидерот, па афера за модуларна пеколна стапица, за ковид-вакцини, за онкологија, за џипови, хациенди, станчиња по Дубаи, за јаглен на Вице, партијата ќе пушта „трчи-лажи“ вести, утредента ќе добива кривични, ќе кмичат пред и во суд, ќе плаќаат и ќе се извинуваат, но утре пак и пак ќе се прават видливи и ќе сушат-лажат без мерка и услу. По секоја цена.
Макијавели им однел по една чаша вода. Во неа и „лежел зајакот. „Проблемот“ за ваквото агресивно дејствување, лажење и пенавење на партијата бил што утре ќе немало кој да и’ даде чаша вода на врхушката. Велат, ќелиите каде ќе се нашле за мега-криминалот од минатитие 7 години, биле еднокреветни…