Македонија сдсм

СДСМ му го погреши презимето на нивниот лидер: Во европската иднина Ковачевски ќе биде без „в“?

На денешната презентација на кандидатите за пратеници од редовите на владејачката партија СДСМ, организаторите на настанот направија две грешки во најавниот текст кој се прикажуваше на екранот зад сцената.

Прво, го погрешија презимето на лидерот на партијата Димитар Ковачевски, па неговото презиме беше напишано без буквата „в“ – Ковачески.

Второ, во текстот „Програма за европска иднина“, имаше додадено уште едно „и“, па зборот „иднина“ се претвори во „идинина“.

Инаку, во својот говор Ковачевски вети 1.100 евра просечна и 600 евра минимална плата, а со влегувањето во ЕУ просечната плата ќе биде 1.300 евра, а минималната 800 евра.

Тој исто така вети 30.000 денари просечна пензија и 20.000 денари минимална пензија.

To top