Македонија „фејк њуз“ во недостиг на програма

СДСМ и нивните медиуми лиферуваат лажни вести: ЗАБРАНАТА за употреба на пиротехника е за ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

СДСМ и нивните медиуми лиферуваат лажни вести: ЗАБРАНАТА за употреба на пиротехника е за ЗАТВОРЕН ПРОСТОР

СДСМ и нивните медиуми продолжуваат со употребата на лажни вести и манипулации со јавноста. Последната е околу употребата на пиротехника, поврзувајќи го со т.н. „бакљада“ на Конференцијата на УМС оддржана вчера. Проблемот со лажниот наратив е што оваа употреба на т.н.  „бакљи“ е на отворен простор, за што говорат и фоторафиите и видеата од настанот кои целосно ги разголуваат лагите и ги демантираат СДСМ и нивните интернет портали.

Дури, се оди и дотаму што во текстовите на ангажираните медиуми се користи реченицата „Неодамна на предлог на ВМРО-ДПМНЕ по трагедијата во Кочани беше донесен нов построг закон за употреба на пиротехника со кој се забранува секаква употреба на пиротехника во затворен простор.“ ?!?!!?

Логичното прашање е: Тогаш. каде е проблемот кога таа се користи на отворен простор?

Но, тоа не е проблем за да СДСМ во партиското соопштение напише : „Кој наредил и кој одобрил употребата на пиротехника на прославата на УМС? Кој ја набавил и ја дистриубуирал? Зошто МВР молчи? Или за УМС на ВМРО-ДПМНЕ не важат законите?“, велат од опозициската партија, без срам и перде, „заборавајќи“ притоа дека забраната се однесува за затворен простор, а пиротехниката (најбезопасна „бакљада“ која е чест декор на секој натпревар на фудбалските терени) е употребена на отворено, што целосно ја менува сликата и актот не подлежи на законските ограничувања.

Што велат измените и новиот Закон за употреба на пиротехника?

Конкретно, со измените во законот се утврдува дека не е дозволена употреба на пиротехнички средства определени со закон во објекти и простории од затворен тип, а се предвидуваат и прекршочни глоби за физички и правни лица кои постапуваат спротивно на забраната. Имајќи предвид дека во процес на изготвување е нов Закон за експлозивни материи за цивилна употреба од страна на надлежното министерство, со конкретниот предлог се врши интервентна измена на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, до донесување на новите законски решенија со кои детално ќе бидат регулирани сите аспекти поврзани со експлозивните материи за цивилна употреба, во кои се опфатени и пиротехничките средства.

Се зголемуваат глобите и тоа за физичко лице кое ќе го прекрши законот да бидат во висина од 200 до 250 евра, додека за прави лице глобите да бидат од 500 до 1.000 евра во денарска противвредност – за микротрговци, од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност – за мали трговци, од 3.000 до 6.000 евра во денарска противвредност – за средни трговци и од 5.000 до 10.000 евра во денарска противвредност – за големи трговци и за одговорното лице во правното лице од 250 до 500 евра во денарска противвредност.

Слично беше и со лагата за Анастасија Илиевска, видеото старо години од Викторија Трајков, прашањата на Филипче за „потеклото на парите“ од Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, инсинуациите и конструкциите во „Вистината за Кочани“.

Дали, во недостиг на конкретни проекти и програма,  лажните вести повторно ќе бидат стожерот на кампањата на СДСМ за локалните избори наесен?

Одгворот, е повеќе од јасен…

To top