СДСМ е партнер на земјоделците и обезбедува повеќе за сите земјоделци. За прв пат е реализирана авансна исплата на субвенциите, се вели во партиското соопштение на владејачаката СДСМ.
На сметките на над 54.000 земјоделци се исплатени 30 отсто од основните субвенции, во висина од над 750 милиони денари. Авансната исплата на субвенциите е нова можност за земјоделците, која доаѓа од новиот модел за субвенционирање, подготвен заедно со земјоделците, со којшто се гарантира навремена исплата на субвенциите. СДСМ заедно со земјоделците продолжува со креирање мерки и политики за поголема поддршка и поттикнување на домашното производство, истакнуваат од СДСМ.
Со СДСМ земјоделците добиваат повеќе, со СДСМ има повеќе за сите, додаваат од СДСМ.