Венко Филипче бил во право. Мигранти во Македонија да ти имало. ОК, до крајот на март не, но пустите дојдоа на ПРВИ АПРИЛ, денот на шегата. СДС од македонска мигрираа во унгарска опозиција. Од денеска се СДСУ – Социјалдемократски сојуз на Унгарија. Македонија и онака не им прилегаше.
За жал, ова не е проваприлска шега. Ова е крешчендото на мизеријата на СДС.
Мудрата одлука на инфантилната врхушка на СДС е едноставна, видоа ајваните дека не ги бива за во Македонија, последните рејтинзи покажаа дека тонат како Титаник (не оној на Катица, таа потона со него, овој е друг), па решија да се обидат како унгарска опозиција, рамо до рамо со лузерот Петер Маџар, браќа по губење на власта. Не верувате? Еве што денеска, на 1-ви АПРИЛ контра владејчаката Фидес и Виктор Орбан смесија палавковците од кујната на Бихаќка:
„Орбан, кој веќе е исвиркан и од сопствените поддржувачи на митинзи, е симбол на една политика која Европската Унија веќе не ја толерира. Коруптивна политика која служи на бизнис и руски интереси, наместо на европските вредности и иднината на граѓаните“, изјави унгарската СДСУ од среде Скопје, лажејќи и формирајќи фејк-наративи на лента како и претходно во Македонија. Лоша навика…
И пак со многу, премногу БЕЛА мирудија, онаа на Шмрчко, за „елитата“ за чие дејствување уште Рацин има пишано „за туѓи, бели дворови, копај си црни гробови.“. И така, неуморно и под силно дејство на иљачот на Јон ќе продолжат како навиени:
„Додека цела Европа јасно се противи на политиките на Орбан – симбол на корупција, авторитарност и блискост со анти-ЕУ и проруски интереси…“, тресна унгарската филијала на Филипче со побелени носиња.
И тоа не е се’, „белото“ си го прави/штанца своето црнило:
„Европските лидери го критикуваат Орбан за блокади, корупција, за рушење на европските вредности и за ставање лични и бизнис интереси пред интересите на граѓаните“, срочи македонската подружница на ТИСА и унгарскиот опозиционер Маѓар.
Ова не е сефте за СДС. Минатиот период во сите настапи беа против Вучиќ, во улога на српска опозиција во Македонија. Резултатите од тоа беа јасни. Изборите во 10-те општини во Србија, каде тој победи во „само“ 10, ги стишаа.
Ќе дојдат и унгарските избори, за две недели. Повторно ќе ги снема. Кој се фатил на оро со малерите од СДС, по правило губи ко Грчка на времето.
За две години доаѓаат и македонските парламентарни избори.
Е, тогаш, ако продолжат вака, навистина ќе ги снема. Буквално и фигуративно.
Ќе ни фалите, будалчиња…
П.С.
Под итно Баба Дара, Иван Исцелител и компанија заеднички да извршат една подолга бајачка на врхушката на СДСУ од УРОК и МАЛЕР.
Што ќе фатат – сушат, а каде северџанска нога мине, трева веќе не расте…
Не е на одмет и попови со троа темјанче да ја осветат анатемисаната Бихаќка.
На толку зулуми кон сопствениот народ и држава, резултатот е јасен.
Кармата, да ти била кучка…