Македонија многу прашања, еден и единствен одговор

СДС праша, одговорот пристигна експресно

Ова ви е исто како да прашате кој хохштаплер го смени уставното име или Уставот? А, кој  ја смени преамбулата? Туку, кој тоа ја донесе двојазичноста? Кој и кумуваше на територијалната поделба? А, знамето, која дилајла го смени знамето? Кој го прифати ступидниот Француски предлог? Која ја утна со модуларната пеколна стапица? Kој рекетар сакаше да му ја купи за бадијала болницата на Жан Митрев? Кој неимар гради облакодери по Дубаи? Кој дозволи автобус без лиценца стотици пати да мине граница и да заврши во Струма? Кој тоа индолентен ќелепур во низа ја понижуваше Македонија? 

Списокот на прашања е долг, предолг.

Одговорот е еден…

СДС праша, одговорот пристигна експресно

По којзнае кој пат, ѓоамити расипана лонг-плеј плоча, „инвентивната“ СДС и утрово остроумно запраша: „Поминале 5 тони дрога преку граница а дома дозволиле 40 фудбалски стадиони марихуана, кој е крив?“ (неписменковците не знаат дека на македонски е ВИНОВЕН, а не „крив“, како и дека пред „а дома“ се става запирка).

Одговорот е повеќе од јасен: Оној кој го стартуваше „канабис-проектот“, истиот кој издаде дозволи за плантажите и ја з’гна цела администрација на Министерството за здравство да подготвува цели 70 дозволи за марихуана-плантажерство, во исто време кога луѓето ни умираа како муви, заедно со неговиот шеф од Муртино, кој како и тогаш и сега команда со партијата и рапидно „прогресираше“ со домувања во Дубаи.

Значи, одговорот на инфантилното прашање „Поминале 5 тони дрога преку граница а дома дозволиле 40 фудбалски стадиони марихуана, кој е крив?“ е едноставен. -ВИЕ. Да не бевте вие, немаше ни да има што да се пренесува „преку граница“. Башка, што потеклото нејзино е од ваш плантажер…

П.С.

Ова ви е исто како да прашате кој хохштаплер го смени уставното име или Уставот? А, кој  ја смени преамбулата? Кој суртук не почитуваше народна волја на Референдум? Туку, кој тоа ја донесе двојазичноста? Кој и кумуваше на територијалната поделба? А, знамето, која дилајла го смени знамето? Кој го прифати ступидниот Француски предлог? Која ја утна со модуларната пеколна стапица? Kој рекетар сакаше да му ја купи за бадијала болницата на Жан Митрев? Кој неимар гради облакодери по Дубаи? Кој дозволи автобус без лиценца стотици пати да мине граница и да заврши во Струма? Кој тоа индолентен ќелепур во низа ја понижуваше Македонија?

Списокот на прашања е долг, предолг.

Одговорот е еден…

Поврзани теми

To top