Македонија ОНА, КОГА КРАДЕЦОТ ИНФАНТИЛНО ВРЕСКА: ФАТИ ГО КРАДЕЦОТ!!!

СДС пак се врати ДОМА: Кај навредите и клеветите, ПОСЛЕДНОТО ЗАСОЛНИШТЕ НА НЕСПОСОБНИТЕ

БЦ да се јави на каса.

И да ги упристои (макар префрлени преку нозе) несташните инфантилни фолиранти кои ја киднапираа СДС.

И аман, најдете им друга занимација на индолентните палавковци, затоа што ако и натаму вака „тераат“, наскоро 4,9% доверба ќе ви изгледа како џек-пот, како сон…

СДС пак се врати ДОМА: Кај навредите и клеветите, ПОСЛЕДНОТО ЗАСОЛНИШТЕ НА НЕСПОСОБНИТЕ

Нов ден, ново „враќање дома“ на СДС. Паниката во партиските редови во комбинација со иљачот на Шмрчко си го прави своето. И во едно се во право. За промена. Да, не е точно дека имаат рејтинг 4,9%, дефинитивно. Многу е за ваква „брилијантна“ екипа, премногу…

Партијата која се сведе на Јон, Фани сорос, Богданка, Жерновски и Ана Ве мразам сите, мизерија предводена од капетанот Зоки преку подизведувачот и кормилар Венко го симна нивото на вокабуларот на Жил-Верновски 20.000 милји под морето. И подолу, во сдс-овскиот подрум на дното.

Како, побогу, поинаку освен со психотропни супстанци да го објасните ова што се случува во СДС? Минатата недела политичкиот опонент го нарекуваа ДИЛЕТАНТ, сега по ново е ПРЕДАВНИК?!

„Предавникот Мицкоски отиде кај Орбан…“ срочија во соопштение многу „остроумно“ денеска луцидните хјетерчиња од Бихаќка, најверојатно Шмрчко. Без срам и перде. Тука на виделина излегува Фројд, според кого недостигот на срам е прв симптом на, знаеете што. Искомбинирајте го истото со она белото од бироата на Јон и се’ станува јасно…

Половина час подоцна, свреска и неуспешната новинарка Богданка: „Предавникот Мицкоски сака децениска изолација за свои лични профити!“

Саде 15 минути по неа, ко расипана СДС плоча на партиската говорница срипа и Шмрчко и свика: „Предавникот Христијан Мицкоски отиде кај својот пријател Виктор Орбан!“

Ајде, што е повеќе од инфантилно одродите од Бихаќка, светски пример за оикофобија, безрбетност, самопрезир, автошовинизам, коленичење и самонегација да зборуваат за предавство по сите бизарни ПРЕДАВСТВА што ги имаат на своето конто во изминатитие 35 години, но дечки, дигнете малку рачна, сфатете ја својата општествена одговорност и омразата која ја ширите и со која зрачите, сепак, демек – раководите партија, демек државотворна. Макар, да ти била марихуанотворна. И, каква и да ви е партијата и психичката состојба, но не ви доликува да „терате“ со таков кочијашки речник, непримерен и за пред селска кооперација, олабавете малку со тоа направијата на Шмрчко, аман…

 

П.С.

БЦ да се јави на главна каса.

И да ги упристои (макар префрлени преку нозе) „несташните“ инфантилни фолиранти кои ја киднапираа СДС.

И аман, најдете им друга занимација на индолентните палавковци, затоа што ако и натаму вака „тераат“, наскоро 4,9% доверба ќе ви изгледа како џек-пот, како сон…

To top