И дефинитивно, во СДС мораат да престанат со масовната конзумација на иљачот на членот на ИО и прва пушка на Венко, Шмрчко.
Македонската јавност добро се сеќава дека пред две недели испадна дека цело СДС работи во ВМРО-ДПМНЕ. Венко го обвини Шилегов дека одработува за ВМРО, а Петре кажа дека тоа го прават Венко и врхушката, согласно резултатите на раководството.
За овие две недели, да ти се отворило уште едно работно место во ВМРО. За кого друг, ако не за Заев. По гастарбајтерството и пропаднатиот бизнис во Дубаи, редно беше да му се излезе во пресрет на муртинецот. Та го црпнале од противничкиот табор, гревче напатено…
И така, самите СДС, преполни со желба да работат во една вистинска, македонска партија, изгорени од желба да излезат од СДС по сиот оној антимакедонизам, расулото и канта-пазар системот на Венко, денеска, ни помалку – ни повеќе, туку си го вработија лидерот од сенка во спротивниот табор. Не случајно, така го сфатиле соопштението на ВМРО-ДПМНЕ во кое тие велат: „Филипче ја уништува СДСМ по насоки на Заев“.
Е сега, поради тоа што ајваните не сфатиле дека урнисувањето на партијата и она што им го прави „лидерот“ значи губење гласови и доверба од граѓаните и гласачите, самоуверени дека замислете – Венко ги води на вистинскиот пат, не гледајќи дека ги води кон провалија, тие со испраните од Зоки и Венко мозочиња (башка агресијата и опиеноста од направијата на Јон) си го сфатија и разбраа само она што им одговара, а тоа со нивни зборови е:
„По сè, дојдовме до тоа и Заев да работи за ВМРО. Какво лудило“ срочија од СДС, веројатно под силно дејство на иљачот од бироата на извиканиот ИО-вец. И пак, за промена, некогаш се и во право. „КАКВО ЛУДИЛО“, невидено…
Исфрустрираните дилајли од Бихаќка, меѓу другото, си најдоа изговор и зошто Заев, Венко, Шилегов, Фани, Жерновски, Чупеска и Шмрчко се топ-тан „вработени“ во ВМРО:
„Анкетите им удрија во глава, полудеа од рејтингот и популарноста.
А ние имаме „толку лош“ рејтинг што секој ден, по цел ден, се занимаваат со СДСм“, завршуваат мошне остроумно од партијата, не сфаќајќи го сеирот заради кој цела Македонија „се занимава“ со трагикомичната СДС.
Сума-сумарум, откако Бранко Црвенковски го „вработија“ во ВМРО пред изборите, поради поддршката на Максо, кој одамна е на „платниот список“ на ДПМНЕ, а сега и Заев стана вмровец, веројатно портирот на Бихаќка е последниот Мохиканец, единствениот кој не работи за ВМРО-ДПМНЕ.
И дефинитивно, ЦЕЛ СДС – ВМРОВСКИ ГРАД/ПАРТИЈА.
Значи, Венко не лажел за мигрантите. Ги има, многу.
Од СДС мигрирале во ВМРО-ДПМНЕ, на „ангро“…