Македонија Мицкоски во Ресен

„СДС и ДУИ наместо да го забрзаат автопатот Кичево-Охрид со политиканство дополнително го одложуваат, затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши“

Мицкоски нагласи дека добрата вест е што за неколку месеци од денеска доаѓа влада на ВМРО-ДПМНЕ која има намера сериозно да ги заврши сите проекти во Македонија.

„СДС и ДУИ наместо да го забрзаат автопатот Кичево-Охрид со политиканство дополнително го одложуваат, затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши“

И покрај на два пати со анекс продолжените договори и покрај тоа што имаше многу празни ветувања од страна на првенците на СДС дека сето ова ќе биде завршени и денеска ние ќе може да возиме по новиот автопат од Кичево до Охрид, за жал тоа не се случува, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при посетата на Ресен во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, одговарајќи на новинарско прашање во врска со пораките на власта за раскинување на договорот за автопатот Кичево-Охрид.

Мицкоски истакна дека за жал продолжуваат да се губат човечки животи поради немање на проектен менаџмент и многу криминален карактер на оваа влада на ДУИ и СДС.

– Сега наместо да најдат начин како да го забрзаат проектот, тие повторно се обидуваат со некои гимнастики и политиканство да предизвикаат застој на работите, конфликт со изведувачите и на тој начин дополнително да го одложат реализирањето на овој проект, потенцираше Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека добрата вест е што за неколку месеци од денеска доаѓа влада на ВМРО-ДПМНЕ која има намера сериозно да ги заврши сите проекти во Македонија.

To top