Јас и моето семејство ја исполнивме граѓанската должност и гласавме на овие локални избори на коишто вие, почитувани граѓани, одлучувате со вашиот глас како ќе изгледа вашата општина и вашата држава следните четири години, изјави Ѓорѓија Сајкоски, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој рече: „Затоа ве повикувам и сите вас, излезете на овие локални избори во што поголем број. Исполнете ја граѓанската должност, како што ја исполнивме ние за да имаме подобри општини, за да имаме подобра држава“.
Верувам во голема победа на ВМРО-ДПМНЕ, верувам во успешни избори, верувам во мирен процес, онака како што ја водевме кампањата. И верувам дека, навистина, Македонија и македонските општини ќе добијат европски изглед и онаков изглед каков што очекуваат граѓаните на Македонија, додаде во изјавата Сајкоски.