Носителот на листа во ИЕ 5 од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски истакна дека Битола е на највисоко ниво на агендата што ќе ја предводи владата на ВМРО-ДПМНЕ во следниот период.
Сајкоски истакна дека Битола ќе добие економски развој, ќе добие нова инфраструктурна мрежа. За Битола се предвидени голем број на инвестиции.
-Денеска бевме во посета на стопанствениците во Битола од кои што слушнавме и со кои што разговаравме за проблемите со кои што се соочуваат. Ние како луѓе кои што ќе работиме во идната влада која што ќе ја предводи Македонија сакаме да им изразиме гаранција дека ќе приоѓаме кон секој нивни проблем, ќе работиме за решавање на секој нивен проблем. Исто така заедно со градоначалникот укажавме на компаниите и на стопанствениците дека и локалната самоуправа стои на располагање на битолското стопанство, истакна Сајкоски.
Тој укажа дека идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе инвестира 150 милиони евра во стопанството.