Македонија се враќа во рацете на народот, порача носителот на листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 5, Ѓорѓија Сајкоски.
-Резултатите коишто ги видовме вчера се потврда дека Македонија докажа дека е посилна од криминалот и корупцијата. Но, се уште не е се завршено, имаме уште работа, заедно да се избориме за уште една двојна победа на 8 мај, рече тој.
Сајкоски порача:
„Да покажеме дека сме уште посилни! Македонија постои поради вас“.