Македонија Анализа на ТВ 24

Сајкоски: Криминалот, корупцијата и можноста за поткуп се големи за СДС и ДУИ во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за доброто на граѓаните и изборниот процес

„Ова е најлошата влада некогаш што ја имала Македонија“.

Сајкоски: Криминалот, корупцијата и можноста за поткуп се големи за СДС и ДУИ во техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе одлука за доброто на граѓаните и изборниот процес

Во ВМРО-ДПМНЕ секогаш ги консултираме сите структури, сите тела за да може да изградиме заеднички став и тој да го пренесеме на нашите членови и јавноста. Ќе се направат сериозни анализи дали ќе се учествува или не во техничката влада. Верувам дека ќе донесеме одлука во интерес на граѓаните и изборниот процес и ќе донесе добро на Македонија. Корупцијата, криминалот и се она што изминатиов период се случуваше треба да не остави будни да не ги оставиме некои позиции кои се нудат и да ја искористиме можноста, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски за „Анализа“ на ТВ24.

Сајкоски истакна дека во однос на оваа влада на СДС и ДУИ политиките кои ги спроведуваше и очекувањата, може да се каже дека очекувањата на граѓаните се дека оваа влада требаше да си замине уште вчера.

-Ова е најлошата влада некогаш што ја имала Македонија. Мислам дека тие анализи и разговорите во партијата ќе придонесат да ние како ВМРО-ДПМНЕ изградиме заеднички став дали ќе имаме свои луѓе во техничката влада. Нашите можности се отворени да влеземе или не во таа влада, но очекувањата се да партиципираме, бидејќи ако гледаме наназад гледаме дека корупцијата, криминалот и можноста за поткуп, како и сомнежот што ќе се фрли во изборниот процес е голем за да не учествуваме. Ова се размислувања и ќе повторам како ВМРО-ДПМНЕ ќе анализираме, ќе разговараме и по донесување на став со сите тела ќе ја запознаеме јавноста дали ќе учествуваме или не, изјави Сајкоски.

Најнови вести од Македонија

To top