Струга долго време е водена од луѓе кои немаат чувство ниту за своите, ниту за туѓите, истакна вечерва на митингот во Струга генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски. Според него, градот е оставен во рацете на оние кои се борат единствено за лични интереси, а притоа нанесуваат огромна штета на сите граѓани.
-ДУИ направи штета и на своите, и на Албанците, Македонците, Турците, Ромите и на сите жители на Струга и регионот. По ништо позитивно не се препознаени – немаат ниту еден проект, ниту една работа за која граѓаните можат да ги запаметат, нагласи Сајкоски.
Тој ги повика стружани да излезат масовно на изборите и, како што рече, „да направат референдумско гласање“ против актуелната власт. „Со тоа ќе ги поразиме сите политички чинители кои ѝ нанесуваат штета на Струга и ќе дадеме голема надеж за иднината, додаде тој.
Сајкоски порача дека целта е Струга да стане достоинствен град, со силна поддршка од централната власт, да прерасне во туристичка атракција и место кое ќе биде предизвик не само за граѓаните на Македонија, туку и за целиот регион.
Сајкоски ги повика граѓаните да излезат и да го заокружат бројот 9.