Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје досега се донесени 18 повредени од страотниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Пред влезот на болницата има повеќе роднини и пријатели на повредени кои во неизвесност чекаат да слушнат дали се тука примени нивните најблиски, пренесе Алсат М
Според првичните информации, меѓу примените пациенти во „8 Септември“ нема починати. Меѓу повредените има малолетници.