Македонија „Постапено согласно Законот за енергетика“

РКЕ се огласи по кривичната пријава за Марко Бислимовски

-РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци. РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата, велат од Регулаторна.

РКЕ се огласи по кривичната пријава за Марко Бислимовски

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) и претседателот Марко Бислимоски се отворени за соработка со сите институции со цел да се расчисти посочениот случај кој е споделен во јавноста од страна на Финансиската полиција, велат од РКЕ откако беше обелоденето дека Финансиската полиција поднесе кривична пријава за Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

-РКЕ ја информира јавноста дека во конкретниот случај за постапката за одземање на лиценца на Тритерол Петрол е постапено согласно Законот за енергетика и Правилникот за лиценци, со тоа што на ист начин и во исти рокови е постапено и за други компании баратели на лиценци. РКЕ нема да коментира детали со цел да остави институциите на системот професионално да си ја вршат работата, велат од Регулаторна.

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Марко Бислимовски во својство на Претседател на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” од чл.353 ст.4 в.в ст.1 од Кривичниот Законик на Република Македонија. Овозможил фирма на која не и одзел линценца да се стекне противправна корист од 230.000 евра.

Најнови вести од Македонија

To top