Македонија

Ристовски: Нова фирма ќе го гради затворениот базен во Охрид, следува ревизија и одговорност

Ристовски: Нова фирма ќе го гради затворениот базен во Охрид, следува ревизија и одговорност

Ќе се прекине договорот со економскиот изведувач на затворениот пливачки базен во Охрид, информира денеска министерот за спорт, Борко Ристовски.

Во рамките на посетата на Охрид, тој најави дека ќе се прави нов проект за изградба на сала, бидејќи, според него, постоечкиот е стар и оти е потребна нова проценка колку би чинело завршувањето на затворениот базен.

– Состојбите кои беа тогаш и кои што се денеска не се исти. Мора да се направи нов проект, нова процена колку ќе чини завршувањето на базенот во Охрид. Она што јас може да го кажам е дека Министерството и јас лично ќе се залагаме за што побрзо да почне со довршување на базенот, затоа што Охрид заслужува базен. Охрид заслужува да не се оставаат спортските објекти на пола повеќе од 4четири-пет години ништо да не се чепне. И зато во најскор можен рок ќе направиме нова проценка, нов проект и кон крајот на летото ќе пристапиме кон избор на нов економски оператор, кој ќе ја продолжи изградбата на базенот и во најбрз можен рок ќе го завршиме, изјави Ристовски.

Најави дека ќе направат ревизија за работите за базенот, која ќе покаже дали има можност за кривична пријава.

– Ќе почнеме во најбрз можен рок ревизија, парцијална само за базенот за да не ја закочиме целата процедура за побрзо отпочнување на градбата. Ревизијата ќе покаже дали има можност за кривична пријава. Доколку ревизијата утврди има можност за кривична пријава бидете сигури дека ќе има, рече Ристовски.

Тој подвлече дека грижата за најмладите и професионалните счпортиси е на највисоко ниво во новото Министерство за спорт и оти ќе се залагаат децата, спортистите и Охрид да не трпат заради, како што рече, нечии бизнис интереси, и нечија незаинтересираност и немање желба да се заврши проектот.

Изградбата на затворениот пливачки базен во Охрид почна во 2015 година, а предвидено беше да заврши на крајот на 2017 година или почетокот на 2018 година.

To top