Македонија средба

Ристовски на средба со новиот претседател на ФФМ, Омерагиќ

Во срдечна и продуктивна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и со генералниот секретар Дрилон Ганиу, разговаравме за важни прашања поврзани со развојот на фудбалот во Македонија.

Ристовски на средба со новиот претседател на ФФМ, Омерагиќ

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ, МАСАР ОМЕРАГИЌ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ!
Во срдечна и продуктивна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и со генералниот секретар Дрилон Ганиу, разговаравме за важни прашања поврзани со развојот на фудбалот во Македонија.

Главни теми на средбата беа:

✅ Финансиската поддршка од државниот буџет за фудбалот и спортот
✅ Подобрување на инфраструктурата на стадионите и тренинг центрите
✅ Поддршка на младинските селекции

Нашата заложба како Министерство за спорт е да ја поддржиме Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме и да обезбедиме правичност, подобри услови за сите клубови и континуиран раст на македонскиот фудбал на сите ниво!

Фејсбук статус на министерот за спорт, Борко Ристовски

Најнови вести од Македонија

To top