Македонија „Студио 10“ на ТВ 24

Ристески: Владата на СДСМ и ДУИ ги разочара тутунарите и пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ има план за развој на земјоделието и подобар животен стандард на граѓаните

Прва класа во моментот е 300 денари со интервенција на Цветан заменик министерот во техничката влада во договор со дел од откупувачите ја кренаа цената за 35 денари“, истакна Ристески.

Ристески: Владата на СДСМ и ДУИ ги разочара тутунарите и пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ има план за развој на земјоделието и подобар животен стандард на граѓаните

Во денешната емисија „Студио 10“ на ТВ 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески кој што истакна дека владата на СДСМ и ДУИ апсолутно ги разочарала тутунарите и пензионерите и со лошите мерки во земјоделието го преполовила производството, а ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како да го подобри животниот стандард на граѓаните.

„Сум во постојан контакт со сите тутонопроизводители од мојот крај бидејќи тутунот е маката на Прилеп. Во овој момент колегата Коциќ зборува за некоја висока цена на килограм тутун откупна цена а не знае дека владее огромно незадоволство како никогаш досега. Коциќ нема појма дека производствената цена на килограм тутун е 280 денари а откупната цена е 300 денари. Со доаѓањето на техничкиот министер Цветан Трипуновски кој претходно заедно со мене на средба со тутунопроизводителите понудивме решение на оваа цена од 280 денари да биде зголемена за 30 % и така да се добие откупната цена за оваа година тоа го направи министерот заедно со откупувачите. Тие ја оставија цената на 300 денари и направија проблем бидејќи е на исто ниво производствената и откупната цена значи тутунопроизводителите го работат тутунот оваа година на џабе. Прва класа во моментот е 300 денари со интервенција на Цветан заменик министерот во техничката влада во договор со дел од откупувачите ја кренаа цената за 35 денари“, истакна Ристески.

Ристески посочи дека владата на СДСМ и ДУИ апсолутно ги разочарала граѓаните, тутунарите пензионерите а ВМРО-ДПМНЕ има план и визија како да го подобри животниот стандард на граѓаните.

„Бадијала се субвенциите кога немаме добра аграрна политика и производството е намалено за 50 проценти оваа година. А видовме како оваа влада го стимулира кога го намалила производството од 26 милиони килограми на 13 милиони оваа година. Тутунопроизводителите апсолутно се разочарани од оваа влада. Шест месеци протестираат пензионерите бараат повисоки пензии со овие пензии со 12 -13 илјади денари не можат леб да си купат луѓето. ВМРО-ДПМНЕ даде јавно ветување и тоа влезе во програмата она што беше барање на протестите 5 илјади денари линеарно покачување владата на ВМРО-ДПМНЕ тоа ќе го стори“, нагласи Ристески.

To top