Македонија Владата будно ќе ја следи ситуацијата

Ристески: Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи, не очекуваме поголеми потреси поради воениот конфликт

-Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи… Успеавме со одредени мерки и одлуки во минатиот период да се справиме. Работиме на среднорочна и долгорочна стратегија во однос на стабилизирање на цените, доведување на инфлацијата на еден пригоден степен кој ќе биде еквивалент на степенот на инфлација во ЕУ. Тоа успеваме досега да го направиме, ја смиривме инфлацијата, рече Ристески.

Ристески: Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи, не очекуваме поголеми потреси поради воениот конфликт

Како Влада будно ќе ја следиме ситуацијата. Сметаме дека прогнозите се дека воениот конфликт би завршил побрзо и колку побрзо заврши, тоа е подобро не само за нас туку и за светот, истакна Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд во своето гостување на „За или против“ кај Љупчо Цветановски.

-Ние како Влада и како Министерство за економија знаеме дека за енергенсите увозно зависни сме како држава и не можеме да бидеме имуни на тие светски теркови, посебно погодени од војната во Иран, меѓутоа сепак сметам дека сè уште не е алармантна состојбата, нема простор за загриженост во овие моменти, рече тој.

Ристески не очекува поголеми потреси во однос на цената на нафтата, но оценува дека состојбата се следи и доколку има потреба државата ќе реагира.

-Оваа Влада покажа дека има капацитет да се справува со кризи… Успеавме со одредени мерки и одлуки во минатиот период да се справиме. Работиме на среднорочна и долгорочна стратегија во однос на стабилизирање на цените, доведување на инфлацијата на еден пригоден степен кој ќе биде еквивалент на степенот на инфлација во ЕУ. Тоа успеваме досега да го направиме, ја смиривме инфлацијата, рече Ристески.

Тој потсети како беше во време на претходната Влада.

-Со едни неприродни мерки, интервенции во економијата. Да не заборавиме, ние бевме европски рекордер во инфлација и квартално, но и годишно имавме над 15% инфлација. Сега е смирена инфлацијата на 4%. Има позитивни сигнали и сметаме дека доколку воениот конфликт се заврши што побрзо и понатаму трендот на опаѓање на цените ќе биде во Македонија и инфлацијата ќе ја доведеме до проектираната 2,5-3%, рече заменик-министерот.

Со грешните политики на претходната Влада, вели Ристески, ние на Балканот бевме синоним за извоз, посебно на храна – зеленчик, овошје, млеко…

На прашањето од новинарот дали македонската Влада е подготвена за она што може да се случи во иднина, Ристески одговара:

„Да, подготвени сме, имаме капацитет. Имавме повеќе предизвици во минатиот период. Не само овој предизвик туку и другите сме подготвени да ги дочекаме спремни, со реална и предвидлива политика, а не турбулентна. Предвидливоста во економијата дава и добри резултати“.

Целата емисија погледнете ја во видеото во продолжение:

Најнови вести од Македонија

To top