Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, денес присуствуваше на состанокот на Надзорниот одбор во општина Хани и Елезит, во рамки на заедничкиот ЕУ-проект „Smart System for Early Flood Detection and Waste Monitoring in the Lepenec River Basin“, финансиран преку IPA III програмата Косово – Македонија.
Општина Ѓорче Петров останува силно посветена на регионалната соработка и на развојот на современи системи за рано предупредување, заштита и превенција од поплави, имајќи ја предвид важноста од стабилен и безбеден тек на реката Лепенец, која претставува заеднички природен ресурс и споделен предизвик за двете држави.
На состанокот, заедно со градоначалникот на Хан и Елезит, претставниците на техничките тимови и партнерските институции, беа разгледани следните чекори во имплементацијата на проектот, насочени кон воспоставување модерна, паметна и сигурна граница со напредни системи за мониторинг и управување со ризици.
Проектот уште еднаш ја потврдува важноста на регионалното лидерство, прекуграничните партнерства и примената на нови технологии. Само со ваков пристап можеме да создадеме долгорочни решенија кои штитат животи, ја унапредуваат животната средина и обезбедуваат одржлив развој.
Општина Ѓорче Петров ќе продолжи да работи одговорно, професионално и визионерски, со цел да остане пример за модерно управување и успешни регионални проекти.
Ѓорче Петров – Лидер во регионалните проекти и паметните решенија.