Членовите на Државната изборна комисија (ДИК) ја одржаа 134 редовна седница на која донесоа повеќе одлуки во функција на претстојните локални избори.
Членовите на ДИК утврдија измени на образецот, познат како Образец број 16 според кој се поедоставува работата на Општинските изборни комисии (ОИК) при сумирање на резултатите на гласачките места каде што се пополнуваат записниците. Според членовите на ДИК со Образецот-16 се овозможува поефикасно работење на Општинските изборни комисии.
Воедно утврдија и едногласно изгласаа Упатство за утврдување на идентитетот на гласачите кое како што беше речено е прилагодено за локални избори, прифатија барања на девет членови на ОИК за нивно изземање со претходно образложение на поднесените барања за изземање од членување во ОИК и едногласно врз приниципот на случаен избор, избраа девет нови членови на соодветните изборни комисии.